Slider

Вести

Renault реши сам да ги субвенционира германските купувачи на електрични автомобили

Slider

Сепак, засега нема официјална имплементација на промените во законот, па Renault реши да ја преземе на свој товар разликата меѓу досегашната и најавената сума за субвенции, а како реакција и на намалениот интерес меѓу купувачите кои тактизираат со купувањето

24/01/2020

Раководството на Renault во Германија соопшти дека францускиот бренд ќе ги покрива најавените субвенции за купување електричен автомобил, затоа што не можат да чекаат државата да почне да го реализира ветувањето во оваа насока.

Канцеларката Ангела Меркел на крајот на претходната година објави дека германската држава ќе ги зголеми субвенциите за купување електричен автомобил, што во пракса значи 6.000 евра за автомобили чија вредност не надминува 40.000 евра. Но, најавите од ноември не се реализирани, а тоа доведе до голема стагнација во продажбата на електро-мобилите.

Сепак, засега нема официјална имплементација на промените во законот, па Renault реши да ја преземе на свој товар разликата меѓу досегашната и најавената сума за субвенции (4.000 евра), а како реакција и на намалениот интерес меѓу купувачите кои тактизираат со купувањето.

– На германскиот пазар на електрични автомобили Renault влегува со јасен став, нашите купувачи добиваат намалување на цената за 6.000 евра. Одложувањето на реализацијата на најавеното зголемување на субвенциите веќе не е прифатливо за нас, Renault реши да реагира побрзо од политичарите, – изјавил Уве Хохгешурц, првиот човек на францускиот бренд во Германија.

Ваквиот потег на производителот значи дека најпродаваниот електричен автомобил во Германија во 2019 година, Renault Zoe е достапен од 15.330 евра, додека комерцијалниот ван Kangoo ZE има почетна цена од 14.820 евра.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider