Slide

Вести

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan

Slide

Mоделот Arkana се произведува во Јужна Кореја, а се продава во Европа.

06/11/2023

Инвестицијата на Renault во износ од 3 милијарди евра надвор од Европа има една значајна карактеристика споредено со претходните. Овој пат, Renault тоа го прави без својот јапонски партнер Nissan.

Имено, планот на Nissan за пазарите како Латинска Америка, Индија, Северна Африка и Азија вклучува лансирање на 5 нови модели поставени на RMP платформата, како и користење на платформата на Geely за развој на модели во Д сегментот.

Првиот сегмент содржи план за производство на возилата во Бразил, Мароко, Турција и Јужна Кореја. Првиот од овие модели ќе биде мал SUV именуван како Kadrian, а ќе се произведува во фабриката на Renault во Бразил. Неговата продажба во Бразил ќе започне на почетокот на следната година, а потоа ќе биде достапен и во другите земји од Јужна Америка.

Во иднина, Kadrian ќе се произведува и во Мароко, но според менаџментот, нема планови за негова комерцијализација во Европа.

Renault најави и втор модел поставен на истата платформа, преку концептот Niagara.

Што се однесува на моделите поставени на CMA платформата на Geely, тие ќе се произведуваат во фабриката во Бусан, во Јужна Кореја. Овие модели ќе се продаваат во земјите од Азија и Блискиот Исток, но не е исклучена можноста за нивна продажба и во Европа.

Во моментов таков е случајот со моделот Arkana, кој се произведува во Јужна Кореја, а се продава во Европа.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба