Slide 1
Slide 1

Uncategorized

Renault Zoe e електричен европски бестселер, VW ID.3 втор најпродаван меѓу сите модели во декември

Slide 1
Slide 1

28/01/2021

Renault Zoe е европски бестселер меѓу електричните автомобили во 2020 година, а од постигнатите резултати можат да бидат задоволни сите производители кои решија да се вклучат поактивно во овој сегмент.

Минатата година биле продадени 1,42 милиони електрифицирани автомобили на 23 најголеми европски пазари, што значи пораст на продажбата за 147%, дури и во ситуација кога во одреден период фабриките и продажните салони беа затворени, па и кога производителите се уште немаат доволен производствен капацитет за ваквите изведби, – наведува JATO Analytics во својата анализа на календарската 2020 година.

Важно е да се напомене дека JATO во бројките ги вклучува само електричните изведби и плаг-ин хибридите, а број еден според продажбата бил Zoe, автомобил кој го потисна Tesla Model 3 на второто место.

Zoe напредуваше за 118% за една година и стигна до 99.261 продаден примерок, Model 3 има пад на продажбата од 9% и ја заврши годината со 85.713 продадени примероци, а на третото место е Volkswagen ID.3 со 56.118 продадени автомобили.

Она што е посебно важно за ID.3 е дека беше во продажба само неколку месеци кон крајот на годината, а во декември бил не само најпродаван електричен модел, туку и на второто место на генералниот ранкинг.

Во последниот месец на 2020 година биле продадени 27.997 примероци, а подобар резултат од ID.3 има само роднината Golf (30.073) кој бил европски бестселер и во декември.

Статистиката вели дека секој четврти купен електричен автомобил бил од групацијата Volkswagen, потоа следува алијансата Renault-Nissan, а Tesla падна на третото место со пазарен удел од 13,3 проценти.

Најпродаван плаг-ин хибрид во 2020 година бил Mercedes A-Class.

Топ 10 електрични автомобили во 2020 година (ЕУ 23)
1. Renault Zoe 99.261
2. Tesla Model 3 85.713
3. Volkswagen ID.3 56.118
4. Hyundai Kona 47.796
5. Volkswagen Golf 33.650
6. Peugeot 208 31.287
7. Kia Niro 31.019
8. Nissan Leaf 30.916
9. Audi e-tron 26.454
10. BMW i3 23.113

Топ 10 PHEV автомобили во 2020 година (ЕУ 23)
1. Mercedes A-Class 29.427
2. Mitsubishi Outlander 26.673
3. Volvo XC40 26.506
4. Volkswagen Passat 26.421
5. BMW 3 Series 25.087
6. Ford Kuga 22.628
7. Volvo XC60 22.531
8. Audi Q5 18.682
9. Mercedes E-Class 18.549
10. Kia Niro 17.953

Повеќе содржини за електрични модели:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“