Slider

Вести

Renagade и Compass 4xe пристигнаа на екстремни тестови во поларниот Арјеплог (Видео)

Slider

Renegade 4xe и Compass 4xe се новитет во понудата на легендарниот бренд за оваа година и прва плаг-ин хибрид опција за досегашните и новите купувачи, а производителот реши да ги испрати двата модела на авантура долга 3.800 километри

01/04/2020

Актуелната ситуација влијае на продажбата на нови автомобили во Европа, но купувачите на првите плаг-ин хибрид изведби на Jeep се достапни за порачка преку дигиталните платформи.

Renegade 4xe и Compass 4xe се новитет во понудата на легендарниот бренд за оваа година и прва плаг-ин хибрид опција за досегашните и новите купувачи, а производителот реши да ги испрати двата модела на авантура долга 3.800 километри.

Од фабриката во Мирафиори во близината на Торино, експедицијата веќе пристигна во поларниот Арјеплог во Шведска, при што за време на еднонеделната турнеја можела да има средби со фановите на Jeep, но и да ги потврди квалитетите на Renegade 4xe и Compass 4xe.

PHEV изведбите на Renegade и Compass веќе се достапни на одреден број европски пазари, при што користат ист хибриден погон со 240 коњски сили. Автономијата на електричен погон изнесува 50 километри, а просечната Co2 емисија е под 50 г/км.

Присуството во тест центарот во поларни услови ќе им овозможи на инженерите и експертите на Jeep уште еднаш да ги потврдат оф-роуд способностите на Renegade и Compass 4xe.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider