Slide 1
Slide 1

Вести

„Ренолушн“ ќе најави враќање на моделите 4 и 5 во гамата на францускиот бренд

Slide 1
Slide 1

11/01/2021

Француски Renault минатата година доби нов предводник во Италијанецот Лука де Мео, а на 14. јануари тој ќе ја соопшти долгорочната стратегија со која ќе се обиде да ја врати француската групација, но и брендот Renault на посакуваната позиција.

Конкретните планови за Renault се дел од стратегијата која го доби името „Ренолушн“, а која според голем број европски медиуми, подразбира и враќање во понудата на модели со легендарни имиња како Renault 4 и Renault 5.

Првиот произведуван од 60-те години на минатиот век, а вториот понуден во две генерации пред појавувањето на Clio, активираат носталгични моменти за нивните возачи, а сега се предвидени како електрични автомобили.

Засега не е јасно дали новите членови на гамата ќе ја користат платформата на Zoe, или пак целосно нова платформа на алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi, a се очекува да бидат наменети за купувачите кои сакаат автомобили со стилски и ретро дизајн како Fiat 500.

На настанот закажан за неделава се очекува Де Мео да најави и три нови модели на спортскиот подбренд Apline, а кои исто така ќе бидат на електричен погон.

Повеќе содржини за електрични модели:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“