Slide 1

Вести

Реорганизацијата на фабриките го донесе Peugeot 2008 до првата позиција според продажбата во октомври

Slide 1

Интересен е фактот што иако моделот 2008 ја зазеде првата позиција во Европа, не успеа да ја обезбеди истата и на домашниот пазар, каде во октомври заврши на четвртото место.

23/11/2021

Недостатоците на чипови кои доведоа до реорганизација на производството во дел од фабриките при што се дава приоритет на одредени модели, комплетно го сменија редоследот на најпродаваните модели во Европа.

Недостатокот на чипови доведе до промени во традиционалното рангирање на најдобро продаваните модели во Европа, со изненадувачки победник за месец октомври: кросоверот Peugeot 2008.

Долгогодишниот бестселер, Volkswagen Golf не се најде помеѓу првите десет на листата.

Моделот 2008, чија тековна генерација беше лансирана кон крајот на 2019 година, се нуди во изведби со мотори со внатрешно согорување, но и како комплетно електричен автомобил. 

Во октомври Peugeot продаде 18,109 примероци од 2008, што е за само 877 примероци повеќе споредено со октомври 2020 година. Но, тоа беше доволно да избие на првата позиција, со оглед на падот на продажбата од 29% на европскиот пазар, како резултат на недостатокот на чипови.

Автомобилските производители даваат приоритет на моделите кои носат поголема заработка и прифатливо ниво на Co2 емисии. Тоа доведе до поголемо производство на SUV модели, кои чинат повеќе споредено со нивните соперници во компакт класата. И комплетно електричните и плаг-ин хибридните модели добија приоритет при реорганизацијата на производството.

Најдобро продаван модел на Volkswagen е T-Roc, кој со своите 12.116 продадени примероци се најде на деветтото место.

Моделот 2008 ја предводи листата на која веднаш зад него следат уште три модели на француски производители: Renault Clio, Dacia Sandero и Peugeot 208. Интересен е фактот што иако моделот 2008 ја зазеде првата позиција во Европа, не успеа да ја обезбеди истата и на домашниот пазар, каде во октомври заврши на четвртото место. 

Само уште еден модел на листата има раст во октомври, тоа е моделот Fiat 500, кој доживеа еден вид ренесанса годинава со воведувањето на електричната изведба. Дури 12.555 примероци беа продадени измиатиот месец, што претставува раст од 12% споредено со октомври 2020 година, доволен за обезбедување на 6-тото место. 

Но, Peugeot и Fiat сепак се соочуваат со жестока конкуренција од германските производители. Моделот Golf останува бестселер годинава, па во периодот јануари-октомври бележи вкупно 186.444 продадени примероци. На второто место е Toyota Yaris со 22.000 примероци помалку. Во првите 10 месеци од годинава моделот 2008 е на 5-тото, додека Fiat 500 на 10-тото место.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental