Slider

Вести

Реставрација на легендарниот Peugeot 205 GTi од експертите на L’Aventure Peugeot

Slider

Возилата ќе бидат обновени во работилниците на Musée de l’Aventure Peugeot во Сошо и ќе добијат сертификат за автентичност на крајот од реставрацијата пред да бидат пуштени во продажба

15/10/2020

Големиот јубилеј како што е 210. роденден на Peugeot, го инспирираше здружението L’Aventure Peugeot да подготви нова активност: реставрација и продажба на “vintage“ возила и на тој начин да се вклучи во дополнително нагласување на историското значење кое брендот го има за авто-индустријата.

Возилата ќе бидат обновени во работилниците на Musée de l’Aventure Peugeot во Сошо и ќе добијат сертификат за автентичност на крајот од реставрацијата пред да бидат пуштени во продажба.

Првиот автомобил што е избран за реставрација е легендарниот Peugeot 205 GTi со мотор 1.9L и во црна боја.

Оваа реставрација ќе биде извршена во работилниците на L’Aventure Peugeot во Сошо и ќе ги потенцира талентот и знаењето на вработените специјализирани за различни занаети кои се од големо значење за квалитетна обнова: механичари, скулптори и лимари.

Оваа нова активност е можна само благодарение на набавката на резервни делови. Aventure Peugeot работи на ова поле седум години и го трансформираше својот магацин за логистикa, зголемувајќи ги своите залихи.

Здружението ќе ги повика своите традиционални подизведувачи да обезбедат делови што недостасуваат, а доколку некој дел веќе не може да се произведува, производството со помош на „3D принт“ технологијата секогаш е опција.

Од 2021 година, на страната на здружението, www.laventurepeugeotcitroends.fr , ќе има место посветено на квалитетно реставрираните возила со печат „Par l’Aventure PEUGEOT“.

Приватните возила исто така ќе бидат достапни на ова место откако ќе ја добијат ознаката за „квалитет“.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider