Slider

Стории

Резултат за историја: Европските купувачи во септември купиле повеќе електрифицирани од дизел автомобили

Slider

Во септември се продадени речиси 1,3 милиони автомобили, при што 327.800 од нив биле со електрифициран погон, бројка која ги носи до 25 проценти од пазарниот удел, додека дизел изведбите забележаа голем пад во однос на септември 2019 година и сега се на 24,8 проценти

29/10/2020

Месец септември во 2020 година ќе влезе во историјата на европската автомобилска индустрија, поради фактот што во истиот биле регистрирани повеќе електрифицирани изведби од автомобили со дизел мотор.

Турбуленциите кои ги донесоа последиците од коронавирусот ја направија 2020 година специфична во однос на целата ситуација во браншата, па се чини дека позитивен ефект добија само електрифицираните автомобили, чиј број се зголеми на досега недостижно ниво.

Анализата на JATO Dynamics за продажбата во септември на 27 најголеми европски пазари покажала дека првпат примероците со дизел мотор заостануваат зад електрифицираните возила, иако треба да се потенцира дека во оваа група се вклучени и благите хибриди.

Ова е навистина сериозна промена бидејќи пред само пет години, примероците со дизел мотор беа доминантни на европските пазари.

Во септември се продадени речиси 1,3 милиони автомобили, при што 327.800 од нив биле со електрифициран погон, бројка која ги носи до 25 проценти од пазарниот удел, додека дизел изведбите забележаа голем пад во однос на септември 2019 година и сега се на 24,8 проценти.

53 проценти од продадените EV возила биле самополнечки хибриди или благи хибриди, при што покрај доминацијата на Toyota во овој сегмент, треба да се истакне и големиот интерес за Ford Puma, како и mild hybrid изведбите на Fiat 500 и Fiat Panda.

Иако Tesla Model 3 е најпродаван електричен модел во септември, Volkswagen и Renault имаат голем напредок, ID.3 веќе стигна до третото место уште во првиот месец на продажба, а групацијата Volkswagen е на првото место кога ќе се направи споредба на групациско ниво.

Најпродавани самополнечки хибриди/благи хибриди
1. Toyota Corolla 15.093
2. Ford Puma 12.251
3. Toyota C-HR 11.991
4. Toyota Yaris 10.558
5. Fiat 500 9.670
6. Toyota RAV4 7.942
7. Fiat Panda 6.948
8. Suzuki Swift 6.947
9. Suzuki Ignis 5.904
10. Kia Niro 4.845

Најпродавани плаг-ин хибриди
1. Mercedes A-Class 4.782
2. Volvo XC40 4.036
3. Audi Q5 2.998
4. Volkswagen Passat 2.421
5. Mitsubishi Outlander 2.395
6. Ford Kuga 2.158
7. Mercedes GLC 2.151
8. BMW 3 Series 1.855
9. Volvo XC60 1.849
10. Toyota RAV4 1.835

Најпродавани електрични автомобили
1. Tesla Model 3 15.702
2. Renault Zoe 11.023
3. Volkswagen ID.3 7.897
4. Hyundai Kona 6.055
5. Kia Niro 4.911
6. Nissan Leaf 3.211
7. BMW i3 2.937
8. Peugeot 2008 2.911
9. Opel Corsa 2.694
10. Volkswagen Golf 2.562

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider