Slide

Вести

Rimac Nevera стана најбрзиот електричен автомобил на светот

Slide

Тест возачот на Rimac, Миро Зрнчевич беше зад воланот при постигнувањето на рекордот на Nevera.

17/11/2022

Супер-автомобилот Rimac Nevera, чија цена изнесува над 2.1 милиони долари, во моментов е најбрзиот електричен автомобил на светот.

Хипер-автомобилот достигна брзина од 412 km/h, на 23. октомври на тест патеката во Папенбург, Германија.

Nevera е побрз од останатите електрични автомобили како Pininfarina Battista (349km/h) и модификуваниот автомобил Tesla Model S Plaid (347km/h).

Сепак, достигнувањето на Nevera не е подобро во споредба со рекордот на возилата со мотори со внатрешно согорување кој во моментов го има Bugatti Chiron Super Sport 300+, кој во 2019 година успеа да достигне брзина од 489km/h.

И моделите Koenigsegg и SSC Tuatara се побрзи споредено со Nevera. За споредба, болидите во Формула 1 достигнуваат максимални брзини од околу 354 km/h.

Тест возачот на Rimac, Миро Зрнчевич беше зад воланот при постигнувањето на рекордот на Nevera.

“Јас бев првиот кој седна зад воланот на првиот примерок на Nevera, па сега ова е навистина емотивен момент за мене, изјави тој.

“Најважната работа која ја научив за време на обидот за поставување на брзински рекорд беше сознанието за стабилноста на автомобилот”, додаде тој.

Nevera има електричен погон составен од четири мотори, а вртежниот момент може да се адаптира за секое тркало одделно. Шесте режими на возење дополнително го оптимизираат управувањето, а тука се и дрифт режимот на возење и “Launch Control” функционалноста.

Според прозводителот, Nevera може да помине 480 километри со едно полнење, но ова растојание во голема мера зависи од начинот на возење.

Продукциските модели имаат максимална брзина од 352 mph, но тие може да бидат тјунирани при што нивната максимална брзина може да биде 415 мph.

Компанијата Rimac е дел од Rimac Group, компанија која поседува 55% од Bugatti Rimac и 100% од Rimac Technology, добавувач на батериски системи за најголемите автомобилски групации. Таму работат околу 1,000 луѓе.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск