Slide

Стории

Rolls-Royce преку опции за персонализација ја зголеми просечната продажна цена на 500,000 фунти по возило

Slide

14/07/2023

Rolls-Royce го претвора системот на персонализација во главен елемент кој генерира приходи.

Rolls-Royce ја проширува мрежата на таканаречените “приватни канцеларии” со цел зголемување на приходите преку нудење на опции за персонализација на своите клиенти.

Производителот, кој е во сопственост на BMW, ja отвори својата прва ваква канцеларија во Дубаи минатата година, по воспоствување на концептот во своето седиште во Гудвуд, јужна Англија.

Втората ваква канцеларија ќе биде отворена во Шангај, и е во фаза на подготовка, а трета се планира да се отвори во Сеул.

“Нашиот план е да бидеме присутни во сите поголеми градови во светот, за да бидеме што поблиску до нашите клиенти”, изјави Торстен Милер-Отвос, извршниот директор на брендот.

Иако BMW не ги објавува финансиските резултати на Rolls-Royce, сепак Милер-Отвос изјави дека просечната продажна цена по возило во последните 10 години пораснала на 500,000 фунти, што е двојно повеќе од претходно. Според него, можностите за персонализација биле клучна компонента за овој раст.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа