Вести
Саемот за автомобили во Женева повторно откажан, огранизаторите планирааат наместо во Женева, тој да се одржува во Доха, Катар
Според првичните најави, автомобилскиот саем во Доха би требало да се одржува на секои две години.
Автомобилскиот саем во Женева, кој до пред пандемијата се одржуваше секоја година, а по три откажувања во трите последни години, повторно е откажан и тоа веројатно засекогаш.
Имено, организаторите на настанот не се откажуваат од неговото одржување, туку прават промена во локацијата. Новата локација е градот Доха во Катар. Првиот ваков саем на Блискиот Исток би требало да се одржу во ноември 2023 година.
Организаторите причините за ваквата одлука ги насочуваат кон недефинираните економски, геополитички и пандемски услови кои престојат.
“Ризиците ги надминаа можностите”, изјави Морис Туретини, претседател на фондацијата која го организираше саемот во Женева.
Настанот за последен пат се одржа во 2019 година. Во март 2020 на почетокот од пандемијата, беше откажан на само неколку дена пред неговото закажано одржување.
Во однос на промената на локацијата, најпрво настанот во Доха беше најавен како дополнителен настан на главниот во Женева. Но, најновата информација ги остава љубителите на автомобилизмот во Европа разочарани.
Според првичните најави, автомобилскиот саем во Доха би требало да се одржува на секои две години.
Инаку, автомобилските автомобилските саеми во Европа во последните неколку години претрпеа големи промени. Освен ситуацијата со Женева, од минатата година и градот Франкфурт ја изгуби организацијата на интернационалниот саем (IAA), кој во овој германски град се одржуваше на секои две години наизменично, во комбинација со саемот во Париз.
Но, IAA секако остана на германско тло, бидејќи откако Франкфурт ја загуби оргранизацијата, тој беше префрлен во Минхен.