Вести
Саинц ќе го замени Фетел во Ферари, Рикардо се сели во Мекларен
Нов тимски колега на Шарл Леклер ќе биде Карлос Саинц, откако Шпанецот потпишал двегодишен договор со Ферари, каде ќе пристигне од Мекларен
Ферари и Себастијан Фетел пред два дена потврдија дека веќе нема да соработуваат од наредната сезона, а денеска официјално стана јасно кој ќе биде замена за Германецот во болидот на Скудерија.
Нов тимски колега на Шарл Леклер ќе биде Карлос Саинц, откако Шпанецот потпишал двегодишен договор со Ферари, каде ќе пристигне од Мекларен.
Веднаш е познато и кој ќе го пополни местото на Саинц во Мекларен, а тоа е поискусниот Даниел Рикардо кој реши да ја заврши соработката со Рено и од следната сезона ќе вози британскиот тим.
– Карлос докажа дека е многу талентиран и покажа дека поседува технички способности и вистински атрибути за да се вклопи во нашата фамилија.
– Веруваме дека тандемот Шарл-Карлос, најмлад во 50-годишната историја на Скудерија, ќе биде најдобра можна комбинација за остварување на нашите амбиции, – изјавил тимскиот шеф Матија Биното.
Повеќе содржини за автомобилите на Ferrari