Slider

Вести

„Salon Peugeot“ – Peugeot го замени Саемот во Париз со виртуелно шоу

Slider

„Салон Пежо“ ќе трае до 31. октомври и е навистина убава можност за запознавање со подновената гама на Peugeot, a за импресиите да бидат уште попозитивни, Французите решија од 15 до 25 октомври повторно виртуелно да ги претстават своите модели преку класичен саемски штанд

14/10/2020

Традицијата вели дека автомобилскиот саем во Париз се одржува на секои две години, но актуелната ситуација со коронавирусот не дозволи годинава да биде организиран големиот собир на автомобилските производители, кој на едно место ги претставува најважните новитети и актуелни модели пред медиумите и посетителите.

Сепак, Peugeot како еден од брендовите кои вообичаено имаат голем и инспиративен штанд во „Експо“ центарот во Париз, реши да не остане без соочувањето на својата гама со посетителите и креираше иновативно, виртуелно претставување кое го нарече „Салон Пежо“.

Веќе од денеска, посетителите преку овој ЛИНК имаат можност да се запознаат со голем број модели со логото со лав, поделени во неколку категории.

3D проекцијата на автомобилите подразбира нивна класификација во „Neo Performance“ каде е преставен спортскиот плаг-ин хибрид 508 Sport Engineered, потоа „Move to Electric“ каде на сцената се електричните 208, 2008 и хибридните изведби на 3008 и 5008, и „New“, каде главниот збор го имаат освежените класични изведби на 3008 и 5008.

„Салон Пежо“ ќе трае до 31. октомври и е навистина убава можност за запознавање со подновената гама на Peugeot, a за импресиите да бидат уште попозитивни, Французите решија од 15 до 25 октомври повторно виртуелно да ги претстават своите модели преку класичен саемски штанд, при што може да се искористи опцијата за презентација на моделот од експерт на брендот, како и комплетирање на процесот на онлајн купување (за земјите каде е достапно) со асистенција на претставник на продажната служба на Peugeot.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider