Slider

Стории

Само две земји во ЕУ немаат субвенции за купување електричен или плаг-ин хибрид автомобил

Slider

Само две членки на ЕУ не им доделуваат субвенции на купувачите, а тоа се соседна Бугарија и Литванија

10/07/2020

Европските земји се обидуваат да го искористат овој период за да ја зголемат продажбата на електричните автомобили и плаг-ин хибридите, а во најголем дел тоа го остваруваат со субвенциите предвидени за купувачите.

Реактивирањето на фабриките и продажните салони по паузата која ја предизвика коронавирусот полека ги враќа продажните бројки, но истите тие велат дека кризата имала позитивно влијание врз купувачите и тие почесто се одлучуваат за автомобил кој доаѓа со електричен или PHEV погон.

Сепак, засега повисоките цени на автомобилите со поголеми батерии ги прават субвенциите и другите платежни олеснувања многу важни во овој период, па и не изненадува што во Германија тие достигнаа до 9.000 евра, а ова важи и за уште неколку европски земји.

Само две членки на ЕУ не им доделуваат субвенции на купувачите, а тоа се соседна Бугарија и Литванија.

Кај нашиот источен сосед постои само ослободување од данокот, кое е актуелно и во нашата земја, заедно со одредени бенефиции како бесплатен паркинг, но тоа е далеку од нивото на другите земји на Унијата.

Во Литванија, купувачите на електрифициран автомобил не се ослободени ниту од данокот, односно според податоците на ACEA, во оваа земја нема никакви бенефиции за нив.

Помалите земји можат да го ограничат годишниот фонд на субвенции, но тој не е за потценување, па на пример во Хрватска за електричен автомобил може да се добијат 9.200 евра, во Словенија 7.500 евра, а романските власти одделуваат 10.000 евра за секој купен електричен автомобил.

Грците пак враќаат 15 проценти од нето цената на електричен автомобил, но најмногу до 5.500 евра и дополнителни 1.000 евра ако биде приложен автомобил стар 10 или повеќе години.

Да потсетиме, во нашата земја не се предвидени субвенции и затоа не можеме да очекуваме сериозен интерес за купување на поеколошките изведби, бидејќи нивните цени се повисоки во однос на класичните ривали.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider