Slide

Вести

Само едно од десет новорегистрирани возила во јули во Германија има дизел мотор

Slide

Со исклучок на Porsche, производител кој забележа 3.4% раст, останатите германски производители имаат пад во продажбата.

04/08/2022

Во јули годинава во Германија се регистрирани 205,911 нови патнички автомобили, што е 12.9% помалку споредено со истиот месец од претходната година. Само 10 од 36-те производители на листата бележат раст.

Имено, оваа бројка на нови регистрации е послаба и споредено со 2020 година кога започна Ковид пандемијата.

Помеѓу 10-те производители кои забележаа раст се и Polestar со 120.6% раст, Dacia со 40.4% и Tesla со 36.4%.

Најголем пад во продажбата забележаа Smart со 43.2% послаба продажба, Suzuki (-38.4%) и Jaguar (-34.5%).

Со исклучок на Porsche, производител кој забележа 3.4% раст, останатите германски производители имаат пад во продажбата.

Што се однесува до најпопуларните сегменти, SUV моделите учествуваат со 27.4% во вкупната продажба. Понатаму, и покрај намалувањето на учеството на компактите, тие сепак бележат 16.4% пазарен удел, со што се втор најпопуларен сегмент. По нив се малите возила со 12.4% пазарен удел и офроуд моделите со 11.7%.

Интересна е анализата на погонот на новорегистрираните патнички возила.

Дури 14% од нив се комплетно електрични автомобили. Со 59,962 нови регистрации хибридните автомобили заземаат 29.1% пазарен удел во продажбата. Од нив 23,712 се плаг-ин хибриди.

Уделот на моделите со бензински мотори изнесува 36%, но овој погон бележи пад од 20.5% споредено со истиот месец лани. Сличен пад во побарувачката има и за автомобилите со дизел мотори (-20.1%). Дизелите во јули годинава имаат пазарен удел од само 11.3%, што значи дека само едно од десет новорегистрирани возила има дизел мотор.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година