Slide

Вести

Шампионот во просторност – новата генерација на Skoda Fabia пристигна во салонот на Skoda во Скопје

Slide

Со 111 милиметри повеќе во должина, 94 милиметри подолго меѓуоскино растојание, како и дури 50 литри поголем багажен волумен, оваа Fabia како да излегува од својот сегмент.

31/03/2022

22 години по дебито, четвртата генерација на Skoda Fabia, која е поголема, подинамична и поемоционална споредено со претходните генерации, пристигна во салонот на брендот во Скопје. 

Првиот впечаток за новата Fabia е дека е поголема. Новата генерација, која е поставена на MQB-A0 платформата, не само што изгледа позрело, туку има подолго меѓуоскино растојание, подолга е и поширока споредено со претходната генерација. 

Димензиите на новата Fabia се слични на оние на Golf IV генерацијата која беше актуелна во 1999 – истата година кога беше лансирана и првата Fabia.

Со 111 милиметри повеќе во должина, 94 милиметри подолго меѓуоскино растојание, како и дури 50 литри поголем багажен волумен, оваа Fabia како да излегува од својот сегмент.

За почеток, кај нас достапни ќе бидат две изведби со бензински мотори (65/80 hp) со три цилиндри и три нивоа на опременост.

Очеуваме малите мотори да работат тивко и рафинирано. Но, за да го потврдиме впечатокот, ќе мора да почекаме уште малку, додека да имаме можност да ги возиме новите модели.

Во внатрешноста доминира централно поставениот инфотејнмент екран од 9.2 инчи, во комбинација со опционалната дигитална инструмент табла од 10.25 инчи, која дебитира кај Fabia.

MQB-A0 платформата овозможува во новата Fabia да биде вградена технологија која најчесто ја гледаме во повисоките сегменти. 

Такви примери се вградениот eSIM, како и гласовниот асистент. Освен нив, Fabia е опремена со серија на системи за асистенција при возењето, кои се присутни и во тековната генерација на Golf.

Вреди да се издвои системот за заштита на пешаци и велосипедисти, како и Manouver Assist – група од сензори кои детектираат можни препреки при паркирање, па доколку возачот не успее навреме да ги притисне сопирачките – системот ќе го сопре возилото во место.

Иако кај новата генерација на Fabia се забележуваат големи разлики, еден важен елемент не е променет. Тоа е “simply clever” концептот, со кој производителот ги именува серијата на интелигентни и практични решенија кои се заштитен знак за брендот. 

Имено, Fabia e еден од ретките модели каде предното совозачко седиште може да се преклопи нанапред, со што лесно се ослободува простор за товар со нестандардни димензии.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди