Slider

Стории

Scala и Octavia трошат најмалку на автопат меѓу бензинците во своите класи

Slider

Scala со 1.5-литарскиот TSI мотор со 150 коњски сили и DSG трансмисија потрошила 5,7 литри на 100 километри, оставајќи ги зад себе Mercedes A200 со 5,8 литри и 1.0 TSI изведбата на Scala кои го делат второто место

14/02/2020

Потрошувачката останува еден од параметрите кои се посебно важни за купувачите и бројките кои се однесуваат на овој елемент има директно влијание на нивниот буџет во периодот на експлоатација.

Затоа и автомобилските производители се обидуваат во процесот на правење што „почисти“ мотори, нивните модели да напредуваат и во однос на економичноста и да имаат што помал апетит за гориво.

Доказ за напредокот во овој елемент е и просечната потрошувачка на автопат или делниците на кои се чувствува и позитивното влијание на понапредната аеродинамика и пневматиците кои исто така имаат свој удел во обезбедување на посакуваната економичност.

Реалноста покажува дека разликата меѓу дизел и бензинските изведби е намалена, а тоа е важно при одлуката дали е исплатливо да се инвестира во дизел изведба, посебно кога дизелите се во полоша позиција во однос на можните ограничувања за движење во урбаните средини.

Моделите и нивната потрошувачка најдобро се споредуваат кога автомобилите се возат на иста делница и по исти услови, а тоа го направи француски „Auto Plus“, чии новинари утврдија интересни бројки во однос на економичноста на автопат кај бензинските изведби.

Во компакт класата која традиционално носи посебно ривалство и е посебно важна за производителите, Škoda Scala е број еден меѓу бензинските изведби и тоа во комбинација со DSG трансмисија, што е уште еден показател за напредокот на трансмисијата со двојна спојка која соработува одлично со моторот на отворен пат.

Scala со 1.5-литарскиот TSI мотор со 150 коњски сили и DSG трансмисија потрошила 5,7 литри на 100 километри, оставајќи ги зад себе Mercedes A200 со 5,8 литри и 1.0 TSI изведбата на Scala кои го делат второто место.

Потрошувачка на 100 километри на автопат (компакти)

1 Škoda Scala 1.5 TSI DSG7 (150 кс) 5,7
2 Mercedes A200 BVA7 (163 кс) 5,8
2 Škoda Scala 1.0 TSI (115 кс) 5,8
4 BMW 118i (140 кс) 5,9
5 Honda Civic 1.0 i-VTEC (129 кс) 6,1
6 VW Golf 1.5 TSI DSG7 (130 кс) 6,2
7 Seat Leon 1.0 EcoTSI DSG7 (115 кс) 6,3
7 VW Golf 1.5 TSI (150 кс) 6,3
9 Audi A3 SB 35 TFSI S-tronic (150 кс) 6,4
9 Honda Civic 1.5 i-VTEC (182 кс) 6,4

 

Дека TSI моторите одлично и лежат на Škoda покажува и ранкингот меѓу бензинците во средната класа каде на врвот е сместена Octavia, која е поекономична со DSG трансмисија. Чешкиот седан е број еден со 1.0 TSI моторот со 116 коњски сили и потрошувачка од 6,2 литри на 100 километри, а зад него се најде Peugeot 508 со моќниот 1.6-литарски мотор со 180 коњски сили и 8-степена автоматска трансмисија.

Потрошувачка на 100 километри на автопат (средна класа)

Škoda Octavia 1.0 TSI DSG7 (115 кс) 6,2
Peugeot 508 1.6 PT EAT8 (180 кс) 6,4
Škoda Octavia 1.0 TSI (115 кс) 6,5
BMW 320i (184 кс) 6,6
Mercedes C180 BVA (156 кс) 6,6
Audi A5 SB 40 TFSI s-tronic (190 кс) 6,7
Opel Insignia GS 1.5 Turbo (165 кс) 7,0
Renault Talisman 1.3 TCe EDC7 (160 кс) 7,2
Peugeot 5081.6 PureTech EAT8 (225 кс) 7,3
Alfa Romeo Giulia 2.0 Turbo AT8 (200 кс) 7,6

 

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider