Slider

Вести

Scala на највисока скала: ABT третман за 190 коњски сили

Slider

12/02/2021

Škoda засега не се одлучи да претстави RS изведба на Scala, но затоа соработката со германски ABT Sportsline ќе овозможи на 500 купувачи да дојдат до најмоќна изведба на овој модел.

Доработката на ABT на 1.5-литарскиот TSI мотор носи 190 коњски сили и вртежен момент од 290 Nm, што е за 40 коњски сили и 40 Nm повеќе во однос на најмоќната Scala во понудата на чешкиот бренд.

Skoda Scala Abt

Оваа верзија доаѓа во комбинација со 6-степена мануелна трансмисија, а ABT има интервенирано и на суспензијата за да се добијат посакуваните возни карактеристики, при што истовремено клиренсот е намален за 15 милиметри.

Scala Edition S изведбата ќе може да се купи само со 18-инчни ABT тркала, како и специјални седишта и алуминиумски педали, а најавената цена е 33.790 евра.

Повеќе содржини за Škoda:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider