Slide 1
Slide 1

Вести

Се очекува зголемување на цените на автомобилите како резултат на недостатокот на компоненти

Slide 1
Slide 1

09/09/2021

Недостатокот на суровини, полу-производи, компоненти и чипови се зголемува кај сè поголем број од автомобилските производители. Сега, неколку аналитички центри предупредуваат за последиците кои ќе следат.

Според анализите, ситуацијата со недостатокот на полу-производи сè повеќе се влошува. Кај поголем дел од компаниите зголемените трошоци за набавка на компонентите ќе влијаат и на крајната цена која ќе ја платат купувачите.

Кризата со набавките е сериозна според месечното истражување кое се однесува на август, според кое дури 69 проценти од индустриските компании пријавиле недостаток и проблеми со полу-производите и останатите суровини. Чиповите се недостаток кај 91.5% од автомобилските производители и нивните добавувачи. Слична е ситуацијата и кај останатите индустрии. 

Како резултат на кризата со набавките, сè поголем број на компании ги планираат да зголемат цените на автомобилите. 

Недостатокот на компоненти придонесе и за рекордно ниска продажба во Германија во месец август. Според податоците од сојузните власти, бројот на нови регистрации е за 23% понизок, а 193.307-те нови регистрирани возила во август се најнизок резултат во последните 29 години.

Значителен пад има и кај индивидуалните купувачи, но и кај компаниите. Кај првите падот изнесува 25%, додека кај компаниите, падот изнесува 22 проценти.

Од друга страна, забележлив е порастот на електрични и хибридни возила во структурата на продажбите, на сметка на дизел и бензинските изведби. 

Продажбата на електрични автомобили пораснала за 80%, и сега учествува со 14.9% во вкупната продажба. Растот на хибридите изнесува 43 проценти, а нивниот удел во вкупната продажба изнесува 12.7 проценти.

Очекувано, бензинците забележаа пад од 42%, а дизелите дури 51%.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање