Slider

Стории

Seat еволуција: Од елегантниот 1400 до ултра модерниот Leon

Slider

10/06/2020

Шпанскиот производител Seat, годинава прославува 70 години од своето формирање, а еволуцијата на брендот и автомобилите кои ги потпишува е прикажана на едноставен начин, со споредбата на легендарниот 1400 и најновиот Seat Leon.

Амбициозниот проект на шпанска територија помина и низ неколку комплицирани период, кои беа успешно надминати, а денеска како дел од Volkswagen групацијата, Seat може да се пофали со 19 милиони произведени автомобили зад себе и модерна гама која овозможува опција за најразлични приоритети.

Seat 1400 бил првиот елегантен и полуксузен седан, со кој е одбележана почетната фаза од наметнувањето на брендот како квалитетна алтернатива на тогаш постоечките производители, нешто што денеска е реалност и го прави Seat еден од најпосакуваните брендови.

Во периодот кога се одбележува 70. роденден на Seat, производителот направи интересна споредба меѓу 1400 и најновата генерација на Leon, започнувајќи од светлата кои денеска се поголеми, подинамични и пофлексибилни во однос на карактеристиките и економичноста.

Еволутивниот процес очекувано донел многу промени, почнувајќи од изработката и материјалите употребени за тркалата, антената, логото, а багажниот простор денеска е многу пофункционален и со поголема корисен волумен.

Аналогната доминација беше препознатлива и за ентериерот на Seat 1400, за денеска Leon да биде модерен компакт кој целосно ја имплементираше дигитализацијата и во новата генерација го намали бројот на физички команди.

Интересна е и споредбата на менувачот, откако Seat 1400 користеше рачка поставена зад воланот, додека новиот Leon веќе ја има на располагање shift-by-wire технологијата која оди чекор понапред и досега докажаните, технолошки напредни трансмисии.

Во однос на погонските единици, Seat 1400 располагал со 1.4-литарски мотор со 44 коњски сили, додека Leon не само што има помоќни бензински и дизел верзии, туку користи 48V технологија како благ хибрид, а во својата понуда има и плаг-ин хибрид изведба.

Со споменатиот мотор, моделот 1400 имал просечна потрошувачка од околу 10,5 литри и максимална брзина од 125 км/ч, додека денешниот 1.5 TSI mHEV со 150 коњски сили има потрошувачка меѓу 5,6 и 6,4 литри на 100 километри и стигнува до 221 км/ч.

Повеќе содржини за Seat

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider