Новитети
Seat ги објави деталите за фејслифтот на Ibiza и Arona
Seat реши да реализира двојна дигитална премиера и тоа на ултра популарните Ibiza и Arona, кои и покрај многу заеднички квалитети, имаат и доволна доза индивидуализам и различен пристап во однос на приоритетите на купувачите.
Ibiza зад себе има 6 милиони продадени примероци, по што сега добива освежено издание на петтата генерација, додека Arona е во првата генерација, a минатата година ја заврши како втор најпродаван модел на шпанскиот бренд.
Фејслифтот на Ibiza носи дизајнерско освежување на маската и целиот преден дел, вметнувањето на новото лого и името испишано со новата типографија на Seat, купувачите ќе добијат избор на нови дизајни на тркалата, како и LED технологија на сите светла во сериската опрема.
Подобрувањето на впечатокот за ентериерот е направен со освежување на кокпитот, вклучувајќи ја лебдечката позиција на централниот екран кој може да биде 8,25 или 9,2-инчен. Со помош на безжичниот Full Link систем може да се обезбеди поврзување со Apple CarPlay и Android Auto.
Почетната изведба на Ibiza ќе располага со 80 коњски сили, а на врвот на понудата ќе биде 1.5-литарскиот TSI бензинец со 150 кс.
Освежувањето на Arona оди во правец на уште поинтензивна робустност и специфичен дизајнерски израз кој сега ќе кулминира со новото ниво на опременост Xperience.
Кај Arona редизајнирани се браниците, магленките, спојлерот и дифузерот на задниот дел, а исто како кај Ibiza, името на моделот е напишано како кај новиот Leon, додека возачот ќе користи целосна LED технологија.
Производителот најави повпечатлив изглед на ентериерот со помеки површини, а вклучени се и опциите за инфо-забавниот систем кои ќе ги добие и Ibiza.
Seat ќе ја понуди освежената Arona со пет погонски единици со моќност меѓу 90 и 150 кс.
Повеќе содржини за Seat: