Slider

Стории

Seat Ibiza е најдобра опција за инвестирање на пазарот на користени автомобили

Slider

19/06/2020

Британскиот магазин „Ауто Експрес“ секоја година прогласува најдобар модел на пазарот на користени автомобили на британска територија, а признанието за 2020 година го доби Seat Ibiza.

Супкомпактот на шпанскиот бренд не само што победи во својата „супермини“ категорија, туку е прогласен и за генерален победник од сите класи и сегменти, што е сериозен комплимент во периодот кога се очекува и зголемување на продажбата и на овој дел од автомобилскиот пазар.

Експертите кои го сочинуваат жирито на изборот, велат дека ја доделиле наградата на Ibiza поради просторноста во кабината, комфорот кој го овозможува, како и солидните возни карактеристики кои ги поседува актуелната генерација која пристигна во продажба во 2017 година.

Како дел од комплиментите за Seat Ibiza се и фактите поврзани со солидниот избор на мотори, опцијата за одличен 1.0-литарски турбо бензинец, достапната DSG трансмисија, па и голем број елементи од дополнителната опрема кои можат да го трансформираат автомобилот во „апмаркет“ издание.

Со оглед на периодот кој е во продажба актуелната генерација, во земјите како Велика Британија се очекува и поголема понуда на актуелната Ibiza на пазарот на користени автомобили, па оваа препорака сигурно ќе ја зголеми нејзината популарност меѓу купувачите.

– Петтата генерација на Ibiza експресно се искачи на врвот на својата класа уште по премиерата во 2017 година, оттогаш потврдувајќи ги своите квалитети со балансот меѓу атрактивниот дизајн, возната динамика, функционалноста и вредноста која ја претставува, – вели Ричард Харисон од британското претставништво на Seat.

Победници по сегменти – Најдобар модел на пазарот на користени автомобили за 2020 година
Мини автомобил – Volkswagen Up!
Супермини – Seat Ibiza
Компакти – Škoda Octavia
Комби – Škoda Superb Combi
Средна класа – Opel Insignia GS
Мал SUV – Citroën C3 Aircross
Среден SUV – Renault Kadjar
Голем SUV – Kia Sorento
Премиум седан – Jaguar XE
Премиум голем седан – Volvo S90
Луксузни – Mercedes S-Class
Моноволумени – Citroën Grand C4 Picasso
Купеа – Audi TT
Кабриолети – Mazda MX-5
Спортски хечбек – Ford Fiesta ST
Спортски – Porsche 911
Хибриди – Toyota Prius
Електрични – Volkswagen e-Golf

Повеќе содржини за Seat

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider