Slide

Вести

Seat инвестира во урбана мобилност, покажа концепти за електричен скутер и тротинет

Slide

Се работи за концепт изведби на електричен скутер и електричен тротинет, два продукта кои се посебно популарни и имаат многу предности во однос на ривалите со малку поинаква филофозија

20/11/2019

Шпанскиот производител Seat го претстави својот нов оддел чии активности ќе бидат насочени кон урбаната и алтернативната мобилност, а уште на почетокот се преставени концепти за идните продукти потпишани од брендот.

Се работи за концепт изведби на електричен скутер и електричен тротинет, два продукта кои се посебно популарни и имаат многу предности во однос на ривалите со малку поинаква филофозија.

Концептот e-Scooter најавува електричен скутер чие сериско производство ќе започне во 2020 година, а наведените детали од спецификацијата се повеќе од импресивни.

Скутерот ќе располага со електро-мотор од 7 kW кој во одредени моменти може да биде бустиран до 11 kW, притоа максималната моќност достигнува 14,8 коњски сили, што соодветствува на скутер со класичен мотор со зафатнина од 125 кубни сантиметри.

Максималната брзина на e-Scooter на Seat ќе биде 100 км/ч, а забрзувањето до 50 км/ч трае 3,8 секунди. Најавите се дека досегот со едно полнење на батеријата ќе изнесува 115 километри.

Тука е и концептот e-Kickscooter кој претставува модерен електричен тротинет со напреден систем за сопирање и досег од 65 километри. Seat веќе има електричен тротинет во својата понуда, а моделот EXS само во 2018 година бил продаден во 10.000 примероци.

Seat-UrbanMob1
Seat-UrbanMob3
Seat-UrbanMob4
Seat-UrbanMob2
Seat-UrbanMob

Exit full screenEnter Full screen

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели