Slider

Новитети

Seat ја освежи Ateca со потрендовски дизајн и најнова технологија

Slider

Сегментот на компактни SUV модели е меѓу најважните за автомобилските брендови, па оттаму и логично, што Seat внимателно ја надградил Ateca во сегментите каде веќе е достапна нова технологија и подобри карактеристики

15/06/2020

Шпански Seat го исполни најавеното и денеска го претстави освеженото издание на својот прв SUV модел, популарната Ateca.
Првата генерација на Ateca беше еден од потезите со кои производителот од Марторел успеваше да ги надгради своите успеси последниве години, а сега на сцена стапува подновена верзија, која сигурно ќе привлече уште повеќе купувачи.

Сегментот на компактни SUV модели е меѓу најважните за автомобилските брендови, па оттаму и логично, што Seat внимателно ја надградил Ateca во сегментите каде веќе е достапна нова технологија и подобри карактеристики.

Промени има и во однос на дизајнот, Ateca сега е дел од последната дизајнерска насока, која веќе ја добија Tarraco и Leon, a која носи еволуција на привлечноста, која вообичаено е силен адут на секој Seat.

LED светлата на задниот дел доаѓаат во комбинација со редизајниран браник и нова типографија искористена за името на моделот, а во повисоките нивоа на опременост ќе бидат вклучени и целосни LED светла на предниот дел.

Освежената Ateca ќе добие опција за 10,25-инчна дигитална инструмент табла, како и 8,25 или 9,25-инчен екран на централната конзола, безжично полнење за телефон, ревидиран систем за гласовни контроли, како и врвна конективност.

Купувачите ќе имаат избор од три бензински мотори, вклучувајќи го 1.0-литарскиот TSI со три цилиндри и моќност од 110 коњски сили. Тука се и 1.5-литарскиот агрегат со 150 кс, како и најмоќната 2.0-литарска изведба со 190 кс.

Дизел понудата е составена само од 2.0-литарски TDI мотор, кој покрај верзијата со 150 кс, сега добива и варијација со 115 коњски сили. Погонот на четири тркала е достапен само кај двете најмоќни изведби од двете категории.

Seat се погрижи и за надградба во однос на безбедносните системи, па во Ateca ќе има голем избор, вклучувајќи ги елементите кои се дел од сериската опрема, но и тие со кои ќе може да се зголеми безбедноста по избор на купувачот.

Повеќе содржини за Seat

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider