Slider

Вести

SЕАТ ја закажа премиерата на освежената Ateca

Slider

Шпанскиот производител SEAT, потврди дека на 15 јуни официјално ќе ја претстави освежената верзија на првата генерација на моделот Ateca

08/06/2020

Шпанскиот производител SEAT, потврди дека на 15 јуни официјално ќе ја претстави освежената верзија на првата генерација на моделот Ateca.

Првиот SUV во историјата на брендот од Марторел го потврди својот потенцијал со продажните резултати постигнати изминативе години, а сега ќе добие не само дизајнерско, туку и технолошко освежување.

Досега се продадени над 300.000 примероци на Ateca, a со новиот, поемотивен дизајн, Ateca не само што ќе биде поблиску до Tarraco и новиот Leon, туку ќе биде еден од најпривлечните компактни SUV модели на пазарот.

Најголемите промени се придобивките кои купувачите ќе ги добијат со новиот надградениот инфо-забавен систем, а заедно со новиот софтвер и опции за поврзување, се очекува и поголем екран на централната конзола.

Нема да биде изненадување ако Seat веднаш ги вклучи и варијациите на благ хибрид со 48V технологија, а не е јасно дали оваа генерација на Ateca ќе добие плаг-ин хибрид изведба.

Потврда за сето ова ќе треба да почекаме до 15 јуни.

Повеќе содржини за SUV модели

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider