Вести
Seat ќе го претстави фејслифтот на Ateca во текот на летото
SUV моделот Ateca дебитираше во гамата на Seat во 2016 година и отвори ново поглавје во историјата на брендот, а неговите успеси се дополнителна мотивација во пресрет на финализирањето на освеженото издание.
Фејслифтот на Ateca е речиси подготвен и може да се очекува негово претставување веќе по еден месец, по што освежениот SUV би пристигнал во продажните салони во последниот квартал од 2020 година.
Иако, сосема логично, не се очекуваат драстични промени во однос на дизајнот, новата Ateca ќе добие одреден третман со кој ќе се приближи до новиот Leon, односно Tarraco.
Најголемите промени се придобивките кои купувачите ќе ги добијат со новиот надградениот инфо-забавен систем, а заедно со новиот софтвер и опции за поврзување, се очекува и поголем екран на централната конзола.
Seat Is Freshening Up The Ateca SUV For 2020 With Some Mild Tweaks | Carscoops https://t.co/aJgze8sdTL
— Carscoops (@Carscoop) February 22, 2020
Нема да биде изненадување ако Seat веднаш ги вклучи и варијациите на благ хибрид со 48V технологија, а според добро упатените, оваа генерација на Ateca нема да добие плаг-ин хибрид изведба.
Повеќе содржини за Seat