Slide

Новитети

Seat лансира спортски подбренд преку моделот Cupra Ateca

Slide

Cupra Ateca развива 247 км/ч и стигнува до стотка за само 5,2 секунди

18/01/2019

Залетот кој го фати Seat со последните продажни успеси и одличната прифатеност  на целосно новото SUV семејство, овозможи зелено светло за уште еден интересен сегмент кој Шпанците решија да го покријат на уникатен стил.

Поимот Cupra досега беше познат како наставка за спортските изведби на Seat, но од неодамна претставува нов подбренд, преку кој Seat ќе им покаже на купувачите колкав напредок е постигнат во перформанс сегментот.

Cupra Ateca е првиот модел кој влегува во сериско производство и го носи новото лого на предниот дел, а неговиот концепт е да се позиционира како автентичен спортски SUV кој ќе овозможи дополнителен избор за купувачите.

Должината од 4,83 метри е доволен показател дека Cupra Ateca ќе ги исполни очекувањата во однос на просторноста и комодитетот на сите патници, а основниот капацитет на багажникот изнесува солидни 485 литри.

Seat e препознатлив по својот поспортски дизајн, но Cupra Ateca доби уште помускулеста силуета и елементи кои ќе го истакнат динамичниот карактер.

Во знакот на основниот спортски концепт се движи и внатрежното уредување, па тука се спортските седишта, специјалните Cupra додатоци и виртуелниот кок-пит кој само го подигнува нивото кон премиум позициите.

Она што ќе ја прави разликата во однос на конкурентите е погонската единица чиј главен актер е 2.0-литарскиот турбо бензинец со 300 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm (достапни меѓу 2.000 и 5.200 вртежи), бројки кои најавуваат незаборавно доживување зад воланот на Cupra Ateca.

За пакетот да биде целосен и возачот да има заокружен позитивен впечаток се грижат 7-степената DSG трансмисија и 4Drive погонот на четири тркала.

Претворено во перформанси, 1,5-тонската Cupra Ateca развива 247 км/ч и стигнува до стотка за само 5,2 секунди.

Инженерите на Seat посебно работеле на адаптација на шасијата за да се добијат подобри возни карактеристики, а во оваа насока оди и вметнувањето на адаптивни амортизери и електронски диференцијал на задната оска.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа