Slide

Вести

Seat Leon ја доби наградата „AutoBest“ за 2021 година

Slide

Новиот Leon освоил најмногу гласови во навистина силна конкуренција и ја доби наградата „Best Buy of Europe“, оставајќи ги зад себе Skoda Octavia, Peugeot 2008, Toyota Yaris, Citroën C4, Honda Jazz и Dacia Sandero

15/12/2020

Четвртата генерација на Seat Leon го доби признанието „AutoBest 2021“, кое го доделува меѓународно новинарско жири од 31 европска земја.

Новиот Leon освоил најмногу гласови во навистина силна конкуренција и ја доби наградата „Best Buy of Europe“, оставајќи ги зад себе Skoda Octavia, Peugeot 2008, Toyota Yaris, Citroën C4, Honda Jazz и Dacia Sandero.

– Оваа година беше исклучителна во многу аспекти. Во AUTOBEST дочекавме 7 финалисти, се случи многу ретка ситуација во нашата историја на две децении. Ова беше доказ за способноста на индустријата да испорача извонредни нови модели, со јасен фокус на процесот на електрификација. Следствено, имавме тешка конкуренција меѓу Seat Leon и Skoda Octavia.

– Двата нови модели кои доаѓаат од брендовите кои припаѓаат на групацијата VW се одлични автомобили, заслужуваат да победат. Сепак, бидејќи можеме да имаме само еден победник, AUTOBEST жирито гласаше и ние имаме победник – Seat Leon. Им честитаме на сите луѓе вклучени во овој проект, од инженери и дизајнери до луѓето што произведуваат Leon, вели Илија Селиктар, претседател на жирито.

Конечен пласман по гласањето на жирито:
1. Seat Leon 12.685
2. Skoda Octavia 12.153
3. Peugeot 2008 11.636
4. Toyota Yaris 10.649
5. Citroën C4 10.165
6. Honda Jazz 9.190
7. Dacia Sandero 8.521

AutoBest додели уште неколку признанија, па за ManBest годинава е прогласен Херберт Дис, првиот човек на групацијата Volkswagen, ЕcoBest признанието замина кај Honda e, а ТеchnoBest наградата ја добива Renault за Е-Tech технологијата.

Повеќе содржини за Seat:

Slide
Slide

Најнови содржини

Jaguar Land Rover додава трета смена во фабриката во Словачка, за да ја задоволи побарувачката за Defender
Volkswagen Group планира значаен поврат на инвестицијата во електрични возила веќе од 2026 година
Ford и VW Group отфрлуваат намалување на цените на своите електрични модели во Европа, по примерот на Tesla
Toyota трета година по ред е најголем автомобилски производител во светот