Skip to content

Стории

Seat Leon останува шпански бестселер, учеството на дизелите во 2019 година под 30 проценти

Еден од најголемите пазари во Европа продаде 1.258.260 автомобили во минатата календарска година, што е пад за 4,8 проценти во однос на 2018 година, но Seat Leon петта година по ред ја задржува улогата на бестселер

03/01/2020

Новата генерација на Seat Leon ќе дебитира на 28. јануари, но дотогаш актуелниот модел успешно ги реализира амбициите на производителот, кој ја заврши 2019 година со најдобра позиција на шпанскиот пазар.

Еден од најголемите пазари во Европа продаде 1.258.260 автомобили во минатата календарска година, што е пад за 4,8 проценти во однос на 2018 година, но Seat Leon петта година по ред ја задржува улогата на бестселер.

Компактот на шпанскиот бренд стигнал до 35.847 нови купувачи во 2019 година, бројка поголема за 2,7 проценти во однос на претходната година. Зад Leon се најде Dacia Sandero која со нов раст стигна до 33.880 продадени примероци, а третото место го освои Nissan Qashqai со 30.156 примероци.

Место во Топ 10 обезбедија и Renault Clio (25.538), Renault Megane (25.403), Seat Arona (25.128), Seat Ibiza (25.121), VW Golf (24.329), Peugeot 3008 (23.308) и Opel Corsa (22.352).

Seat води меѓу брендовите откако во 2019 година продаде 111.982 примероци (+4,34%), следуваат Peugeot со 97.939 (- 0,9%) и Volkswagen со 94.328 (- 8,3%) продадени автомобили. Меѓу најпродаваните марки во Топ 10 пласманот се и Renault (-10,1%), Toyota (+0,6%), Opel (- 13,3%), Citroën (-2,56%), Hyundai (- 2,8%), Kia (-12,2) и Ford (-9,69%).

Пазарниот удел на дизел изведбите стигна до 27,9%, бензинците се на 60,1%, додека преостанатите 12 проценти отпаѓаат на изведбите со алтернативен погон.

Топ 20 најпродавани автомобили во Шпанија за 2019 година

  Модел Продажба
1 Seat Leon 35.847
2 Dacia Sandero 33.880
3 Nissan Qashqai 30.156
4 Renault Clio 25.538
5 Renault Megane 25.403
6 Seat Arona 25.128
7 Seat Ibiza 25.121
8 VW Golf 24.329
9 Peugeot 3008 23.308
10 Opel Corsa 22.352
11 Citroën C3 21.646
12 Peugeot 208 21.205
13 Peugeot 2008 20.261
14 VW Polo 19.717
15 Renault Captur 19.003
16 Fiat 500 18.592
17 Peugeot 308 18.221
18 Hyundai Tucson 17.940
19 Seat Ateca 17.487
20 Ford Focus 17.113

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend