Slider

Вести

Seat Leon со највисока оценка за заштита на возрасни патници во 2020 година

Slider

Сепак, Leon во сите четири категории стигна до висока оценка, а во таа за заштита на возрасни патници, постигна највисока оценка меѓу сите модели кои поминале на овој безбедностен тест во 2020 година

10/12/2020

Македонските купувачи од неодамна можат да ги почувствуваат квалитетите на новиот Seat Leon и на домашен терен, а оваа генерација напредуваше на многу полиња, меѓу кои и безбедноста.

Euro NCAP го потврди тоа со петте ѕвезди на краш тестот, кој годинава е со заострени критериуми, што претставува дополнителен предизвик за производителите.

Сепак, Leon во сите четири категории стигна до висока оценка, а во таа за заштита на возрасни патници, постигна највисока оценка меѓу сите модели кои поминале на овој безбедностен тест во 2020 година.

Новата генерација на Leon стигна до 92% во оваа категорија, оставајќи ги зад себе досегашниот број еден Mazda MX-30 (91%) и премиум роднината Audi A3 (89%).

Seat може да биде задоволен и од другите оценки, па заштитата на децата патници стигна до 88%, заштитата на пешаци и велосипедисти до 71%, а за безбедносните системи Leon доби 80%.

– Горди сме што новиот Seat Leon ја помина тест процедурата на Euro NCAP со највисоки оценки и со хечбек и комби изведбата и со класичен и плаг-ин хибрид погон.

– Ова се случи и покрај ревизијата на критериумите на тестот, нешто што покажува дека безбедноста е топ приоритет на Seat, – изјавил Вернер Тиц од Seat.

Повеќе содржини за Seat:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider