Slider

Вести

Seat најави крај на производството на моноволуменот Alhambra

Slider

Seat Alhambra дебитираше во 1996 година, а овој миниван ќе биде пензиониран со третата генерација која првпат беше понудена во 2011 година, за подоцна да добива соодветни освежувања кои ја одржуваа актуелна изминатите години

27/03/2020

Популарноста на SUV моделите елиминираше многу модели од автомобилската сцена, а сегментот на моноволумени е тој почувствува најсериозни последици од овој тренд.

Шпанските медиуми пренесоа дека Seat официјално ја испрати Alhambra во пензија, што значи дека големиот моноволумен нема веќе да се произведува во фабриката во Португалија.

И Seat e еден од производителите кои изградија моќно SUV портфолио, па нема посебен интерес за инвестиции во нова генерација на моноволуменот, што значи и крај за Alhambra.

– Нашата стратегија е да се фокусираме на нови и електрични модели, како што се плаг-ин хибрид изведбите на Seat Leon и Cupra Formentor, па дел од старите ќе ги замениме со нови, поеколошки модели, – велат од Seat во изјава за британски „Аутокар“.

Volkswagen Sharan се произведуваше заедно со Alhambra, но купувачите ќе имаат можност да дојдат до некој примерок и по реактивирањето на фабриката која во моментов е затворена поради коронавирусот. Сепак се очекува и тој период да не биде долг и Sharan да ја доживее судбината на техничкиот близнак.

Seat Alhambra дебитираше во 1996 година, а овој миниван ќе биде пензиониран со третата генерација која првпат беше понудена во 2011 година, за подоцна да добива соодветни освежувања кои ја одржуваа актуелна изминатите години.

Во 2019 година се продадени 23.700 примероци на Alhambra.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider