Новитети

Seat Tarraco FR: Спортска интерпретација на SUV гордоста на шпанскиот бренд

Ознаката FR одамна има важна позиција во Seat портфолиото, а сега поспортска интерпретација ќе добие и знаменосецот Tarraco, кој во меѓувреме доби и плаг-ин хибрид изведба

18/02/2020

Моделот Tarraco отвори нови хоризонти за шпанскиот бренд Seat, кој сега гордо се претставува и во D-SUV сегментот, а првичните реакции на купувачите покажуваат дека шпанскиот производител не погрешил при реализирањето на концептот за дизајнот и возните карактеристики на овој новитет.

Tarraco е достапен со богата сериска опрема и премиум елементи, а во иднина ќе може да се добие и со препознатливото FR ниво на опременост.

Ознаката FR одамна има важна позиција во Seat портфолиото, а сега поспортска интерпретација ќе добие и знаменосецот Tarraco, кој во меѓувреме доби и плаг-ин хибрид изведба.

Промените на дел од елементите на екстериерот и шасијата го прават Tarraco FR уште подинамичен и потемпераментен SUV, во серија доаѓаат 19-инчни тркала со поголеми лакови над нив, а достапни се и 20-инчни обоени во специјалната Cosmo Gray боја, која може да се пронајде на уште неколку делови.

Спортските седишта се дел од уредувањето на ентериерот, а важен детаљ е и новиот спортски волан со FR ознака и нови поинтуитивни команди, како и алуминиумските педали кои го комплетираат впечатокот.

Seat Tarraco FR ќе биде достапен со сите погонски конфигурации, односно со бензинските мотори со 150 и 190 коњски сили, како и 2.0 TDI дизелските изведби со 150 и 190 коњски сили.

Full screenExit full screen

Slider
Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider