Slide

Стории

Седан изведбата на Fiat Tipo со најголем багажник меѓу компактите

Slide

Fiat Tipo во лимузинска изведба убедливо го освои првото место пред Dacia Logan и Peugeot 308, во Топ 10 се вклучени и досега актуелните генерации на VW Golf и Seat Leon

09/03/2020

Компактите остануваат сериозно популарни меѓу купувачите на нови автомобили, користејќи ги своите предиспозиции да комбинираат квалитети од повеќе класи без да ја загубат својата практична форма.

Во ситуација кога купувачите избираат компакт, еден од најважните критериуми е капацитетот на багажникот, или елементот кој ќе има сериозно значење за функционално решавање на секојдневните задачи, но и реализирање на патувања со семејството на подолги делници.

Иако конкуренцијата е навистина голема и производителите најчесто се натпреваруваат со цената и квалитетот, капацитетот на багажникот може сериозно да варира меѓу различни модели, а тоа го покажува и оваа споредба.

Реализирана е од експерти ангажирани од француски „Auto Plus“, кои преку полнење на багажникот со полистиренски топчиња го измериле точниот капацитет во кубни дециметри (литри), често добивајќи и резултат малку поинаков од тој во официјалната спецификација.

Со оглед на важноста на цената на нашиот пазар, еве ги и компактите со најголем капацитет на багажникот, а кои со почетната цена не надминуваат 20.000 евра. Во споредбата не биле вклучени комби изведбите, туку само тие со четири и пет врати, а може да недостасуваат и одредени модели кои во моментот не се во понудата на францускиот пазар.

Fiat Tipo во седан изведбата со четири врати убедливо го освои првото место пред Dacia Logan и Peugeot 308, a кај Renault Megane со подобар пласман се издвоени бензинските изведби. Тие не само што имаат пониска почетна цена, туку и не го плаќаат AdBlue „данокот“ на дизел роднините, кои според официјалниот ценовник минимално ја надминуваат ценовната граница, но се вметнати за подобра илустрација на понудата.

1 Fiat Tipo (4 врати) 577
2 Dacia Logan 497
3 Peugeot 308 451
4 Renault Megane (бензин) 442
5 Fiat Tipo (5 врати) 436
6 Škoda Scala 432
7 Citroën C4 Cactus 405
8 Kia Ceed 404
9 Renault Megane (дизел) 392
10 Ford Focus 388
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Новата платформа за електрични автомобили на BMW во 2025 ќе ги замени актуелните CLAR и UKL платформи
Volvo во 2026 ќе отвори нова фабрика за производство на електрични автомобили во Словачка
Jaguar го зголеми гарантниот период на 5 години или 150,000 изминати километри
Денес на авто-производителите им се потребни 127 работници за производство на 1,000 возила, споредено со 89-те во 2020