Skip to content

Вести

Седум англиски градови ќе користат автобуси кои го прочистуваат воздухот

Тест периодот на еден ваков автобус во Саутемптон покажал дека за 100 дена, филтрите поставени на кровот на возилото успеале да „заробат“ 65 г PM10 честички, што според одговорните како количина може да се илустрира со големина на тениско топче

24/01/2020

Загадувањето на воздухот останува важна тема и во британската јавност, а државата реши да го прошири проектот за користење на специфични автобуси на компанијата „Go-Ahead“.

Тест периодот на еден ваков автобус во Саутемптон покажал дека за 100 дена, филтрите поставени на кровот на возилото успеале да „заробат“ 65 г ПМ10 честички, што според одговорните како количина може да се илустрира со големина на тениско топче.

Овие тврди честички имаат дијаметар од најмногу 10 микрометри и се опасни за здравјето на луѓето, а Британците решија да ја зголемат флотата на еколошките автобуси во уште шест градови.

Наскоро истите ќе бидат дел од јавниот превоз во Манчестер, Брајтон, Њукасл, Оксфорд, Плимут и Кроули, што е потврда дека имаат позитивно влијание во прочистувањето на воздухот.

Инаку автобусите имаат три уреди преку кои го вшмукуваат воздухот кој подоцна поминува низ филтер за собирање на опасните честички, а проценките се дека за време на тест периодот во Саутемптон биле прочистени 3,2 милиони кубни метри воздух.

Конверзијата на секој автобус чини по околу 20.000 фунти, а градските власти во Саутемптон порачале уште пет автобуси со кои ќе ја засилат градската флота.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend