Slider

Вести

Седум финалисти во борба за признанието „Auto Best“ за 2021 година

Slider

Последен добитник на признанието Best Buy Car во Европа на „Auto Best“ беше Opel Corsa

15/10/2020

Автомобилското признание „Auto Best“ традиционално ќе биде доделено и оваа година, а новинарското жири составено од 31 член од 31 различна земја, одлучи годинава да има седум финалист.

Битката за признанието ќе ја водат Citroën C4, Dacia Sandero, Peugeot 2008, Toyota Yaris, Honda Jazz, Seat Leon и Skoda Octavia, а победникот ќе биде познат во средината на декември.

– Во Европа и ширум светот живееме во исклучителни услови, соочени со една од најголемите кризи во јавното здравство на овој век. Гледаме колку тоа влијаеше на автомобилската индустрија во Европа. Како автомобилски медиуми, исто така сме многу лошо погодени, и гледаме толку многу луѓе кои се соочуваат со екстремни потешкотии.

– Но, и покрај сето ова, решивме да останеме верни на нашата традиција и да ги објавиме финалистите како што тоа го правевме секоја година во последните 20 години. Рекордниот број од седум е директен резултат на одлични вести кои доаѓаат од индустријата, нови брилијантни модели кои заслужуваат присуство во финалето “, рече Дан Варди, основач и претседател на AUTOBEST.

На 4 и 5 ноември, европското жири ќе се состане во Теесдорф, Австрија на финалниот тест на патеката во сопственост на австрискиот автомобилски клуб (OEAMTC) која се здоби со меѓународно признание за тестирање на возила, како и образование за возачи во многу области.

Бидејќи центарот во Теесдорф е близу до аеродромот во Виена, AUTOBEST е воодушевен што воспостави соработка за финалниот тест во оваа совршена средина, изјави д-р Герхард Кунчик, потпретседател на AUTOBEST жирито.

Жирито ќе додели осум награди за различни достигнувања во авто индустријата во следните категории: MANBEST, COMPANYBEST, ECOBEST, DESIGNBEST, TECHNOBEST, SAFETYBEST, SMARTBEST и SPORTBEST, а добитниците ќе бидат објавени наредниот период.

Последен добитник на признанието Best Buy Car во Европа на „Auto Best“ беше Opel Corsa.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider