Slider

Вести

Секој десетти продаден автомобил на групацијата Volkswagen бил со EV погон

Slider

22/01/2021

Групацијата Volkswagen ги објави официјалните бројки поврзани со продажбата на електрифицирани возила продадени во 2020 година и го потенцира големиот раст, како и лидерската позиција во Европа.

Минатата календарска година биле продадени 315.400 електрифицирани автомобили (електрични и плаг-ин хибриди), што е раст од 335 проценти за една година, а учеството на EV изведбите во целосната продажба стигнала до 9,7 проценти, или секој десетти купен автомобил од групацијата бил со електрифициран погон.

Volkswagen AG истакнува дека со вакви бројки, групацијата стигнала до пазарен удел од 25 проценти во продажбата на EV автомобили во Западна Европа, а најпозитивно влијаеле понудите на брендовите Volkswagen и Audi, пред се моделите ID.3 и e-tron.

Првичнат проценка е дека групацијата ја намалила просечната флотна CO2 емисија за 20 проценти и стигнала до 99,8 г/км, во што не се вклучени Bentley и Lamborghini, кои се самостојни од овој аспект.

Според ова, Volkswagen AG за 0,5 г/км не успеа да ја исполни својата CO2 норма потребна за пазарите на ЕУ, но средствата кои ќе бидат платени како компензација биле предвидени однапред и нема да влијаат врз финансиските резултати во последниот квартал.

– Правиме одличен напредок на патот да станеме CO2 неутрална компанија. Сериозно ја намаливме просечната емисија во ЕУ, а најголем придонес дадоа електричните офанзиви на Volkswagen и Audi.

– За малку не го исполнивме зададениот CO2 просек, но покрај Volkswagen и Audi, годинава и Skoda и Cupra ќе понудат електрични возила, што ќе ни овозможи да ја исполниме нормата во 2021 година, – вели Херберт Дис, првиот човек на групацијата Volkswagen.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider