Slider

Вести

Секој нов Volvo автомобил ќе има ограничена максимална брзина до 180 км/ч

Slider

Volvo ја задржува безбедноста како приоритет на својот концепт и филозофија, а се очекува ограничувањето на брзината да донесе дополнителен позитивен ефект врз намалувањето на фаталните несреќи

20/05/2020

Секој нов произведен автомобил од понудата на Volvo Cars, ќе има ограничување на максималната брзина до 180 км/ч, објави производителот кој само го реализира претходно најавениот чекор во насока на поголема безбедност на патиштата.

Volvo ја задржува безбедноста како приоритет на својот концепт и филозофија, а се очекува ограничувањето на брзината да донесе дополнителен позитивен ефект врз намалувањето на фаталните несреќи.

Заедно со ограничувањето, доаѓа и Care Key системот, кој на сопствениците ќе им овозможи да генерираат дополнителни ограничувања, елемент кој ќе има практична употреба при користењето на автомобилите од помлади и понеискусни возачи.

– Сметаме дека секој производител има одговорност да ја зголеми безбедноста во сообраќајот. Ограничувањето на брзината и Care Key помага луѓето да сфатат дека возењето брзо е опасно, додека истовремено влијаат на подобро однесување зад воланот, – вели Малин Екхолм од Volvo Cars.

Ограничувањето на максималната брзина предизвика контроверзи во јавноста, пред се поради фактот што го отвори прашањето за тоа дали производителите имаат право да воспоставуваат ограничувања преку технологијата, но во Volvo велат дека чувствуваат обврска да влијаат на спасување на што поголем број човечки животи, дури ако тоа значи и намалување на бројот на купувачи.

Повеќе содржини за Volvo

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider