Slider

Вести

Секој следен Audi RS модел ќе биде достапен само со еден погон

Slider

Она што го потврдуваат од германскиот производител е дека во иднина секој RS модел ќе биде достапен само со еден вид погон, односно мотор, па купувачите нема да можат да бираат дали ќе го купат со мотор со внатрешно согорување, како хибрид или електричен автомобил

29/07/2020

Спортската дивизија на Audi има навистина голем и важен успех со RS моделите чија иднина е сигурна и во ерата на електрификацијата.

Она што го потврдуваат од германскиот производител е дека во иднина секој RS модел ќе биде достапен само со еден вид погон, односно мотор, па купувачите нема да можат да бираат дали ќе го купат со мотор со внатрешно согорување, како хибрид или електричен автомобил.

– Познати сме по прецизното планирање на портфолиото и сакаме да ја задржиме таа едноставност за купувачите. Секој автомобил ќе има по еден погон, нема поента да имаме повеќе варијации, – вели Ролф Михл, првиот човек на секторот продажба и маркетинг во Audi Sport за „Аутокар“.

– Можеби ќе имаме различни концепти за различни модели, односно некој од нив да биде со класичен мотор, друг плаг-ин хибрид, но секој ќе биде понуден со една опција. Audi AG веќе навлезе во процесот на електрификација, првиот наш чекор веќе е направен со RS6, a ќе го имаме и целосно електричниот e-tron GT, – потенцира Михл.

Актуелниот RS6 доаѓа со 48V технологија која го прави благ хибрид, а наредните години се очекува RS4 во плаг-ин хибрид издание.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider