Slider

Стории

Секој трет купувач нема трпение да чека повеќе од месец за нов автомобил

Slider

14/05/2020

Еден од тројца купувачи воопшто не е подготвен да чека повеќе од еден месец за достава на купен нов автомобил, покажало истражувањето на британски „What Car?“.

Ограничување на движењето на британска територија беше надополнето и со затворање на продажните салони, но од 1. јуни браншата ќе добие можност за да ја возобнови комуникацијата со купувачите и преку својата продажна мрежа.

Сепак, испитувањето на британскиот медиум покажало дека купувачите ќе сакаат нов автомобил кој ќе биде достапен за краток период, а дури 12,5 проценти изјавиле дека би прифатиле да го променат брендот ако добијат ветување за брза испорака.

Затворањето на фабриките донесе и потреба од временски период за да се стабилизира понудата, но 25 проценти од испитаниците потврдиле дека не сакаат ни да слушнат за купување автомобил кој би го добиле по два месеца.

– Очигледно е дека трпението нема да биде квалитет на купувачите по 1 јуни. Продавачите ќе имаат сериозна задача да ги задржат потенцијалните купувачи со добро менаџирање на периодот на достава, инаку тие ќе си заминат кај друг бренд, – велат од „What Car?“.

Во рамките на истражувањето, 31 процент од возачите истакнале дека попрво ќе го одложат купувањето за друг период, отколку да не добијат конкретна информација за периодот на достава.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider