Skip to content

Стории

Секој трет продаден автомобил во Германија е дизел, секој четврти дизел е Volkswagen

Лидер на дизел територијата останува Volkswagen, кој стигна до дури 26,7 проценти од целата продажба, при што на пример од бестселерот Golf се испорачани 67.696 дизел примероци, додека кај Passat таа бројка е 48.576, што е удел од 82 проценти во целата продажба на овој модел во Германија

13/01/2020

Продажбата на автомобили во Германија донесе повеќе од 3,6 милиони нови регистрации во 2019 година, а бројките откриваат дека Германците и натаму не брзаат во анти-дизел процесот, потрдувајќи ја слабоста кон опцијата која долго време е под сериозен притисок.

Иако оваа година се очекува многу посериозен пробив на алтернативните и пред се електричните изведби, во 2019 година, речиси секој трет продаден автомобил во Германија бил со дизел мотор, или пазарниот удел на дизелите изнесува 31,9 проценти.

Намалувањето во однос на претходната година е изразено во само 0,4 проценти, што е минимално ако се спореди со другите поголеми европски пазари. Електромобилите можеби се иднината на мобилноста, но во 2019 година освоиле само 1,8% од германските купувачи на нови автомобили.

Лидер на дизел територијата останува Volkswagen, кој стигна до дури 26,7 проценти од целата продажба, при што на пример од бестселерот Golf се испорачани 67.696 дизел примероци, додека кај Passat таа бројка е 48.576, што е удел од 82 проценти во целата продажба на овој модел во Германија.

Од вкупно 667.518 продадени примероци на брендот во 2019 година, дури 307.375 биле со дизел мотор, а бензинските мотори очекувано се попопуларни кај модели како Polo, T-Cross и T-Roc.

Втор бренд според дизел уделот е Mercedes со 14,1%, а потоа следува BMW со 11,7%, како и Ford, Skoda и Audi со кои заокружува првата шестка со најголем удел на продадени дизел изведби.

Најголем пад во продажбата на дизел изведби имаат Land Rover и Volvo, а главна причина за тоа е што купувачите се почесто се одлучуваат за хибридните изведби на моделите на овие два бренда.

Топ 30 модели според продажба на дизел изведби во Германија (2019)

Volkswagen Golf 67.696
Volkswagen Tiguan 55.237
Volkswagen Passat 48.576
Škoda Octavia 32.394
Audi A4/S4 31.753
Mercedes C-Class 29.947
BMW 3 Series 28.166
Mercedes E-Class 27.640
BMW 5 Series 23.726
Volkswagen Touran 23.177
Mercedes GLC 22.045
Ford Focus 21.096
BMW X3 20.084
Škoda Superb 18.115
Škoda Kodiaq 17.790
Audi Q5 16.546
Volkswagen T-Roc 16.120
BMW X1 15.734
Ford Kuga 15.720
Opel Astra 13.438
Opel Insignia 13.232
Volkswagen Touareg 12.167
Škoda Karoq 11.763
BMW X5 11.759
Audi A3/S3 11.330
Ford S-Max 10.267
Volvo XC60 9.686
Ford Mondeo 9.544
Mercedes B-Class 9.482
Mercedes A-Class 9.281

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend