Skip to content

Вести

SEMA 2019: Автомобилска егзотика во Лас Вегас (ФОТО)

Годинешното издание на SEMA повторно донесе присуство на голем број ѕвезди на четири тркала, но и пропратни настани надвор од халите, како и славни личности како на пример Џеј Лено, кој го прикажа својот Ford Bronco со V8 мотор од 1968 година

08/11/2019

Автомобилските саеми имаат сериозни проблеми за да ја задржат публиката, но и да го спречат трендот на се помал интерес меѓу производителите да се појават на ваквите манифестации.

Но, ако некој автомобилски собир нема вакви главоболки и постојано ги надминуваат бројките остварени на претходните изданија, тоа е SEMA шоуто кое традиционално се одржува во Лас Вегас.

Автомобилски фанатици од целиот свет пристигнуваат во „Син Сити“ за да уживаат во последните достигнувања на производителите, но и голем број други субјекти и индивидуалци кои се дел од бизнисот со кастимизирани автомобили, секаков вид тјунирани возила и додатоци и опрема и за најпребирливите.

Full screenExit full screen

Slider

Годинешното издание на SEMA повторно донесе присуство на голем број ѕвезди на четири тркала, но и пропратни настани надвор од халите, како и славни личности како на пример Џеј Лено, кој го прикажа својот Ford Bronco со V8 мотор од 1968 година.

Ford не штедеше на својот штанд, а секако најважни имиња остануваат F-150 и Mustang, од кои вториот беше претставен во специјална Lithium изведба која е подготвена заедно со Webasto и преку електричниот погон испорачува повеќе од 900 коњски сили.

Во вистинско светло се прикажа и Toyota, која на посетителите на SEMA 2019 им овозможи да се дружат со неколку специјални, тјунирани изведби на својот спортист Supra, a присутни беа и голем број други производители со жестоки или оф-роуд изведби на своите познати модели.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend