Skip to content

Новитети

Семејниот кросовер Ariya jа покажува електричната иднина на Nissan

EV платформата на Ariya овозможува во возило од Ц сегментот да се имплементира просторност карактеристична за Д сегментот.

24/10/2019

Саемот за автомобили во Токио беше вистинска прилика за Nissan на домашен терен помеѓу другите новини да го претстави и концептот Ariya, електричен кросовер од Ц сегментот, за кој потврдуваат дека е многу блиску до фазата на производство. Фотографиите изгледаат импресивно, а заедно со помалиот кросовер Nissan IMk го покажуваат и новиот дизајнерски правец по кој ќе се движи брендот.

Иако се уште не се достапни сите информации за перформансите на електричниот кросовер, јасно е дека новиот модел на Nissan ќе биде поставен на модуларна платформа која вклучува два електромотори и ниско позиционирана батерија. На оваа платформа ќе се постават и идните електрични возила на Nissan.

Ниско поставената батерија овозможува рамен под во кабината на Ariya, што резултира со поголем простор во долниот дел на кабината, потенки седишта и тенка инструмент табла.

Освен електричниот погон, важна карактеристика на Ariya е и вградениот ProPilot 2.0 систем за полуавтономно возење, кој вклучува таканаречено “hands-off, eyes on” возење, односно во одредени фази од возењето сам ќе го управува возилото, се додека возачот внимателно ги следи условите на патот. Истиот систем ќе нуди напредни функционалности како што е помош при претекнување и излегување од автопат.

“Новиот дизајнерски јазик на Nissan зрачи со комбинација на минимализам и напредна технологија кои заедно треба да го истакнат безвременскиот футуризам на Јапонија” – вели Сатору Таи, директорот на дизајн во Nissan.

“За концептот Ariya креиравме елегантна линеарна форма, надополнета со големи тркала кои треба да го нагласат движењето. EV платформата на Ariya ни овозможува во возило од Ц сегментот да имплементираме просторност карактеристична за Д сегментот” – додава Таи.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend