Slide 1

Вести

Сериското производство на Volkswagen ID.4 започна во фабриката во Цвикау

Slide 1

Сериското производство на Volkswagen ID.4 започна во фабриката во Цвикау, со што кросоверот му се приклучи на ID.3, кој беше прв официјално претставен модел кој ја користи MEB платформата

21/08/2020

Сериското производство на Volkswagen ID.4 започна во фабриката во Цвикау, со што кросоверот му се приклучи на ID.3, кој беше прв официјално претставен модел кој ја користи MEB платформата.

Германците очекувано не објавија фотографии од самиот автомобил, бидејќи неговата премиера е закажана некаде за крајот на следниот месец, но предводникот на брендот, Ралф Брандштатер ја истакна важноста на овој новитет.

– Со ID.4, Volkswagen добива модел на електричен погон во сегментот на компактни SUV модели, кој се развива најбрзо во светски рамки. Во иднина ID.4 ќе се произведува и продава и во САД и Кина, – истакнал Брандштатер.

Фабриката во Цвикау ќе има важна улога во зголемувањето на пазарниот удел на електричните автомобили с логото на Volkswagen, a со инвестицијата од 1,2 милијарди евра, веќе од 2021 година ќе биде користена само за производство на модели поставени на MEB платформата од сите брендови на групацијата Volkswagen.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental