Новитети
Сестринскиот бренд на Volvo, Polestar, најави фејслифт на Polestar 2 кој ќе има постојани магнети и специјални инвертори
Фејслифтот на Polestar 2, слично како и сестринските модели Volvo XC40 и C40, добива нови електрични мотори со постојани магнети и специјални инвертори кои овозможваат поголема ефикасност и перформанси.
Обновениот Polestar 2 модел добива повеќе сила, автономија, нов погон и нов изглед, преземен од неодамна претставениот SUV модел на брендот, Polestar 3.
Polestar, сестринска компанија на Volvo, веќе започна со примање нарачки за фејслифтот на Polestar 2 во Европа, додека нарачките за САД и Кина ќе започнат во вториот квартал од годинава. Првите испораки се очекуваат на почетокот на летото.
Интересно е тоа што основната цена за Polestar 2 се зголеми за 3.5%, односно 50,190 евра (во Германија). Од производителот најавуваат дека не планираат намалување на цените, и покрај пазарниот тренд, поради тоа што фејслифтот има многу повеќе технологија во него.
Имено, неодамна американскиот ривал Tesla, презеде неочекуван чекор и ја намали цената на својот Model 3, директниот ривал на Polestar 2.
Ги споредивме цените на овие два модели во Германија, па Model 3 со заден погон има почетна цена од 43,990 Евра, што е за 6,200 Евра поевтино од еквивалентната изведба на Polestar 2.
Фејслифтот на Polestar 2, слично како и сестринските модели Volvo XC40 и C40, добива нови електрични мотори со постојани магнети и специјални инвертори кои овозможваат поголема ефикасност и перформанси.
Силата на изведбите со еден мотор, се покачува на 220 kW (295 hp), споредено со досегашните 170 kW (228 hp). Слична е ситуацијата и со вртежниот момент кој сега изнесува 490 Nm (споредено со 330 Nm во изведбите пред фејслифтот).
Сево ова два видливи резултати. Забрзувањето од 0-100 km/h се намалува за цели 1.2 секунди, па така потребното време за спринт ќе изнесува 6.2 секунди.
Уште една клучна иновација е тоа што кај изведбите со два мотори, ќе биде овозможено моторот кој ја придвижува предната оска да се исклучува кога за тоа има можност, што ја зголемува ефикасноста и автономијата, која (кај изведбите со два мотори) се зголемува за цели 105 km (вкупно 592 километри автономија со едно полнење).