Slide 1
Slide 1

Вести

Шпански Seat доби нов претседател

Slide 1
Slide 1

Грифитс фактички добива унапредување откако досега успешно раководеше со секторот маркетинг и продажба во Seat, а истовремено беше поставен и за CEO на новиот бренд Cupra

23/09/2020

Шпанскиот производител Seat денеска официјално ја информираше јавноста дека нов претседател на компанијата ќе биде Вејн Грифитс.

Грифитс фактички добива унапредување откако досега успешно раководеше со секторот маркетинг и продажба во Seat, а истовремено беше поставен и за CEO на новиот бренд Cupra.

Британецот ќе го наследи Лука Де Мео кој се повече од функцијата на почетокот на годината, а во меѓувреме се пресели на највисоката функција во ривалскит Renault.

Грифитс ќе ги извршува сите функции додека нема нови назначувања, за подоцна како претседател на Seat да биде главен двигател во процесот на обезбедување уште подобра иднина за шпанскиот бренд, како и најавената забрзана електрификација на спортскиот бренд Cupra.

– Вејн Грифитс е еден од најквалификуваните менаџери во целата наша групација. Изминативе четири години го одведе Seat до рекордни продажни резултати и го водеше развојот на новиот бренд Cupra. Ја има мојата целосна поддршка и сигурен сум дека неговата претседателска ера во Seat ќе биде успешна, – вели Херберт Дис, првиот човек на групацијата Volkswagen.

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови