Slide

Вести

Сино светло за нулта емисија: PHEV изведбите на Opel Grandland X сигнализираат кога возат на електричен погон

Slide

06/08/2020

Opel им овозможува на купувачите да изберат плаг-ин хибрид изведба на SUV моделот Grandland X со погон на две или четири тркала, а во двата случаја возачот ќе има можност не само да вози исклучиво на електричен погон, туку и да ја намали вкупната просечна потрошувачка.

Германскиот бренд реши да направи уште еден интересен потег кај Grandland X Hybrid4, вметнувајќи индикатор со сина боја поставен зад внатрешниот ретровизор.

Неговото активирање ќе значи дека во тие моменти Grandland X Hybrid4 вози исклучиво на електрична енергија, односно моторот со внатрешно согорување е деактивиран.

За да дојде во ваква ситуација, возачот треба да го избере режимот за „возење на струја“, а сината боја која ќе се активира автоматски во иднина може да биде и одлична контрола за одговорните кои би контролирале движење во зоните во кои е дозволено присуство само на возила со нулта емисија.

Хибридниот погон на Opel Grandland X Hybrid4 ја добива и „e-Save“ опцијата, со чие користење енергијата која се складира во батеријата останува за користење подоцна.

Возачот преку екранот избира колку енергија сака да биде сочувана или можеби целиот капацитет на батеријата, па потоа на пример ќе ја користи во реони каде би било дозволено движењето исклучиво на електрични автомобили.

Opel Grandland X како плаг-ин хибрид во опцијата со погон на предни тркала располага со 224 коњски сили, додека Hybrid4 изведбата стигнува до 300 кс.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба