Slide 1

Стории

Систем од хидраулични прскалки пред предните тркала ќе стави крај на аквапланинг ефектот

Slide 1

Хидрауличниот систем се состои од пумпа и две тенки подвижни прскалки поставени пред предните тркала.

06/08/2021

Факт е дека безмалку секој автомобил е подложен на аквапланинг. Слој на вода се формира под пневматиците на автомобилот што придонесува за губење на контактот со асфалтот. Овој ефект настанува при брзини од околу 80km/h и заради тоа е значително опасен. Десетици илјади сообраќајни незгоди годишно како последица на аквапланингот укажуваат на сериозноста на оваа појава. При вакви ситуации системите како ABS и ESP се немоќни, но се чини дека решението на овој проблем е многу близу и доаѓа од Италија.

Компанијата “Easyrain”, во која од 2020 година се вклучија гигантите Bosch и Italdesign, работи на развој на нов безбедносен систем наречен “Aquaplaning Intelligent Solution” (AIS). 

Оваа технологија е во фокусот и на автомобилските производители поради регулативата на ЕУ донесена во февруари 2019 година, а која ги обврзува производителите во сите автомобили кои ќе се продаваат по 2022 година да вградат најмалку 30 безбедносни системи. 

Решението на Easyrain делува прилично едноставно на прв поглед. Хидрауличниот систем се состои од пумпа и две тенки подвижни прскалки поставени пред предните тркала. Штом сензорите на возилото ќе детектираат поголем вир со вода, системот ги активира прскалките кои испуштаат силен млаз вода диркетно во вирот и со тоа ја разбиваат водата пред тркалата и го спречуваат аквапланингот. 

Најголемиот предизвик за технологијата е да препознае кога е вистинскиот момент за вшприцување на млаз вода во асафлтот и да реагира на време. За надминување на овој предизвик клучна е 5G технологијата.

Новиот стандард за безжичен пренос на податоци се очекува да донесе технолошка револуција поради екстремно кусото минимално време потребно за пренос на податоци помеѓу два уреди (latency), кое во случајот на 5G изнесува помалку од една милисекунда. Само за споредба, кај тековната 4G технологија минималното потребно време изнесува 98 милисекунди, што не е доволно брзо за навремено вклучување на системот на Easyrain.

Имено, контролна единица на целиот систем е модулот наречен “Digital Aquaplaning Information” (DAI). Тој ги прима информациите од сензорите на автомобилот и врз основа на нив одлучува во кој момент ги вклучи прскалите.

Но, со оглед на тоа што аквапланинг ефектот настанува при брзини од околу 80km/h, времето за реакција на овој модул мора да биде исклучително кусо. Затоа брзиот трансфер на податоци е еден од основните услови за реализација на целата идеја.

Тимот на Easyrain веќе го патетираше (DAI) системот. Тој може да се адаптира и имплементира во безмалку сите модерни автомобили и да функциора во координација со останатите безбедносни системи во автомобилот. На пример, доколку возачот управува со возилото на влажна подлога со активиран адаптивен темпомат, DAI може да ја адаптира брзината на условите на патот.

Преку континуирано снимање на повеќе параметри, како пролизгувањето и гравитациските сили, DAI системот може да предупреди пред да се појави значителен ризик за незгода. 

За разлика од модулот DAI кој се имплементира како софтверска надградба во автомобилите, прскалките и хидрауличната пумпа кои го сочинуваат AIS мора физички да се интегрираат во автомобилот, но производителот ја потенцира нивната компактна структура. Според Џовани Бландина, основачот и извршен директор на Easyrain, овој систем без проблеми може да се инсталира на сите типови на возила. 

Тенките прскалки се поставуваат во заштитната лајсна под предниот браник на возилото и ја користат водата од системот за чистење на ветробранското стакло. 

Тимот од почетокот на годинава врши тестирања на технологијата во соработка со Audi, користејќи го моделот A6 како тест возило. Резултатите од првите тестови покажуваат значителни перформанси при брзини помеѓу 60 и 110km/h.

Audi A6 е првиот сериски модел во кој за потребите на тестирањето беше вградена новата технологија.

Се очекува технологијата која Италијаните ја развиваат безмалку десет години да биде подготвена за масовно производство во 2024 година. Откако Bosch и Italdesign (во сопственост на Audi од 2015 година) се вклучија во сопствеништвото на компанијата, нејзината комерцијализација изгледа многу поизвесна.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental