Slider

Стории

Сивата боја најпопуларна во Германија, купувачите на Alfa Romeo и Mazda преферираат црвен автомобил

Slider

Различните варијации и нијанси на сивата боја очигледно најмногу им се допаѓаат на Германците, а на рангирањето на најпопуларни бои следуваат црната (24,8%), белата (20,8%), сината (10,9%) и црвената (7,2%)

10/08/2020

Германските купувачи ги следат трендовите во однос на најпопуларните сегменти, а покрај тоа што и тие се фанови на SUV моделите, преферираат и сива боја.

Ова го покажува анализата на регистрираните нови автомобили во цела претходна 2019 година, која покажува дека дури 30,3% од примероците биле во сива боја.

Различните варијации и нијанси на сивата боја очигледно најмногу им се допаѓаат на Германците, а на рангирањето на најпопуларни бои следуваат црната (24,8%), белата (20,8%), сината (10,9%) и црвената (7,2%).

Жолтата, зелената и портокаловата боја заедно имаат пазарен удел од само 1,1 процент.

Интересни се и податоците по брендови, па на пример речиси третина од сите купувачи на Mazda (29%) се одлучиле за црвената боја, а истата традиционално е популарна и за купувачите на Alfa Romeo (24,4%).

Дури 25,5 проценти од новите регистрирани автомобили со логото на Dacia биле во сина боја, а кај продажбата на Honda таа зазема 19 проценти.

Зелената боја е најпопуларна во продажните салони на BMW/Mini (7,2%), а има добар рејтинг и кај купувачите на Citroën (5,2%).

Најмногу купувачи на жолти автомобили има кај Suzuki (5,3%), a портокаловата е најпопуларна во понудата на SSangYong (7,9%)

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider