Slide

Новитети

SkodaEnyaq iV Coupé, сестринскиот конкурент на VW ID.5 има коефициент на отпор од само 0,234

Slide

Најголема автономија има изведбата iV 80 со 545 километри автономија според WLTP стандардот.

07/02/2022

Преку Enyaq iV Coupé, Skoda лансира сестрински модел на VW ID.5. Toj ќе има четири нивоа на конфигурација и можност за избор на една од двете големини на батеријата, вклучувајќи ја и RS изведбата со погон на сите тркала и сила од 220 kW.

Безмалку една година по дебито на Enyaq iV, Skoda ja лансира купе изведбата на електричниот SUV. По лансирањето на Audi Q4 E-Tron Sportback и VW ID.5, време е за лансирање и на третото динамично купе кое е поставено на модуларната платформа на Volkswagen Group.

И Enyac iV и iV Coupé се единствените модели поставени на MEB платформата, а кои не излегуваат од производните ленти во Германија, туку од главната фабрика на Skoda во Млада Болеслав.

Иако формата на купе изведбите вообичаено предизвикува намалување на корисноста на SUV моделите, Enyaq iV Coupé не би требало да има забележлива загуба на простор споредено со “нормалниот” Enyaq. Багажниот простор на купето има само 15 литри помала зафтнина од стандардниот модел, но со своите 570 литри, сепак е поголем од оној на VW ID.4. 

Панорамскиот стаклен покрив е најдолг споредено со сите модели на Skoda. Дополнително, коефициентот на отпорот на воздухот (0,234) e подобар споредено со стандардниот Enyaq (0,257), преку што се добиваат уште неколку километри дополнителна автономија.

Како што спомнавме, кај купето достапни за избор се две големини на батерии, два погони и четири нивоа на на моќност, иако изведбата iV 50 од стандардниот Enyaq SUV не е достапна кај купето.

Основниот iV 60 има батерија од 62 kWh (58 kWh нето капацитет) и погон на задната оска, кој овозможува максимална сила од 132 kE. Enyaq iV 80 Coupé има батерија со капацитет од 82 kWh (односно 77 kWh нето капацитет) и сила од 150 kW. 

Понатаму доаѓаме до двете изведби со погон на сите четири тркала, кои се во пакет со поголемата батерија, и дополнителен електричен погон на предната оска. Enyaq Coupé RS iV има сила ос 220 kW (299 hp). Оваа изведба е прва Skoda RS со електричен погон.

Најголема автономија има изведбата iV 80 со 545 километри автономија според WLTP стандардот. 

Иако меѓуоскиното растојание и ширината на стандарниот SUV е идентично како она на купе изведбата (2.765/1,879мм), купе изведбата е неколку милиметри подолго (4,653мм + 4мм) и подолго (1,622мм + 2мм) споредено со стандардната изведба. 

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди