Slider

Новитети

Škoda ги претстави Octavia RS изведбите со бензински и дизел мотор

Slider

06/07/2020

Четвртата генерација на Škoda Octavia полека го комплетира својот моќен тим, а последната премиера се однесува на Octavia RS изведбите со класичен бензински и дизел мотор.

Во моментите кога се акцентира електрификацијата во авто-индустријата, не беше изненадување што чешкиот производител првично ја претстави Octavia RS iV изведбата, која подразбира спортска изведба со плаг-ин хибрид погон.

Но, дојде време и за класичните RS изведби, кои во случајов се бензински RS со 2.0-литарски TSI мотор и 245 коњски сили и Оctavia RS со TDI мотор, која ќе располага со 200 кс и вртежен момент од 400 Nm.

Бензинската изведба може да се комбинира со мануелна или автоматска трансмисија, додека дизелот доаѓа само со DSG технологија, но и опција за погон на четири тркала.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider